Согласно нашиот план и програма за работа за следните 4 години, предвидена е изградба на комплетно ново училиште во Хиподром, односно комплетно нов училишен објект за „Вера Јоциќ“, планиране е и комплетна изградба на нова спортска сала во ОУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци, а во Ченто ќе се изгради комплетно нов училишен објект за „Крсте Петков Мисирков“.Ова го истакна Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ кој денеска ги посети населените места Хиподром, Стајковци и Ченто во општина Гази Баба и оствари средби со граѓани.
-Станува збор за 3 капитални проекти за овие населени места во општина Гази Баба, кои во наредниот мандат очекувам ВМРО-ДПМНЕ да ги реализира, додаде Ристовски.
Тој додаде дека новата програма е креирана врз основа на детална анализа на реалните потреби и барања на граѓаните кои биле истакнувани при редовните посети на населените места, додавајќи дека и во иднина ќе се водат од принципот ветено-реализирано, кој што е широкоприфатен кај мнозинството граѓани.
Инаку за општина Гази Баба во програмата „Реално“ е предвида и изградба на нова градинка во Стајковци, фитнес зона, неколку игралишта, изградба на подземна инфраструктура, реконструкција на голем број на улици во сите населени места, реконструкција на локалните патишта кои што ги поврзуваат населените места и многу други проекти.
Ова го истакна Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ кој денеска ги посети населените места Хиподром, Стајковци и Ченто во општина Гази Баба и оствари сред