Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, при вчерашната посета на Гостивар истакна дека оваа општина продолжува да биде дел од владината инвестициска агенда за унапредување на образовната и спортска инфраструктура.Тој посочи дека во изминатите неколку години само преку Министерството за образование и наука во оваа општинаинвестирани се повеќе од 150 милиони денари во изградба на 1 нова училишна спортска сала, во изградба на 2 нови училишни објекти, како и во реконструкција на 20тина други објекти.
Ристовски нагласи дека во тек е реконструкција на санитариите во средното економско училиште, за што се предвидени 3.5 милиони денари, како и инвестиции во дел од основните училишта, најавувајќи изградба на уште една нова училишна спортска сала.
“Покрај проектите кои што се во тек, во интензивна комуникација сме со општина Гостивар околу подготвувањето на документацијата за изградба на нова спортска сала во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“, изјави Ристовски.
Планирано е овој спортски објект да се гради во рамките на проектот на Владата за изградба на 145 училишни спортски сали, преку кој досега 52 се завршени, за што се инвестирани околу 25 милиони евра. Неговата изградба се очекува да започне до крајот на годинава.
Заменик министерот Ристовски вчера оствари средби со граѓаните на Гостивар и околните места Здуње, Зубовце, Галате, Циглана и Вруток.Тој посочи дека во изминатите неколку години само преку Министерството за образование и наука во оваа општинаинвестирани се повеќе од 150