Ристовски: Ново средно училиште во Ѓорче Петров и ново основно во Чаир

Министерството за образование и наука одлучи да ја финансира изградбата на два нови училишни објекти, едниот за потребите на средното училиште “Кочо Рацин“ лоцирано во општина Ѓорче Петров и другиот за потребите на посебното основно училиште “Иднина“ лоцирано во општина Чаир, објави на Фејсбук замeник министeрот за образование и наука Спиро Ристовски.-Веќе е објавена тендерска постапка за подготовка на проекти за изградбата на новите објекти, по што ќе бидат избрани и компании изведувачи на градежните активности. Се работи за инвестиции произлезени од нашите редовни теренски посети и непосредни увиди во состојбите на образовната инфраструктура. Нашите досегашни резултати се гаранција дека ќе го исполниме дадениот збор. Во изминатите неколку години во Република Македонија се изградени нови 74 училишни објекти, за што се инвестирани 25 милиони евра. Претходно, пред 2006 година нов училишен објект беше изграден во периодот пред осамостојувањето. Има разлика, напиша Ристовски.
-Веќе е објавена тендерска постапка за подготовка на проекти за изградбата на новите објекти, по што ќе бидат избрани и компании изведувачи н

Пронајдете не на следниве мрежи: