Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски, најави реконструкција на четири училишни објекти и еден ученички дом.Ристовски со нова објава. Денеска тој најави реконструкција на четири училишни објекти и еден ученички дом.
„Активностите за унапредување на образовната инфраструктура продолжуваат и во периодот што следи. Сакам да информирам дека во тек е тендерска постапка за изработка на техничка документација за реконструкција на четири училишни објекти и еден ученички дом. Се работи за подрачниот објект на основното училиште “Димката Ангелов Габерот“ во село Прждево, општина Демир Капија; подрачниот објект на основното училиште “Јосип Броз Тито“ во струшко Радожда; основното училиште “Васил Главинов“ во Чаир; средното училиште “Кочо Рацин“ во Свети Николе, како и ученичкиот дом во рамки на ова училиште. По изработката на проектите, ќе следи и постапка за избор на изведувачи на градежните работи.
Досега, повеќе од 400 училишни објекти беа опфатени со санациони и реконструктивни активности, за што се инвестираа 25 милиони евра.“, стои во објавата.Ристовски со нова објава. Денеска тој најави реконструкција на четири училишни објекти и еден ученички дом.
„Активностите за унапреду