Новата програма „Реално“ денеска беше презентирана во Велес. Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше средба со просветните работници на кои им ги претстави конкретните мерки со кои ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да ги поддржува наставниците.-Со гордост можам да кажам дека во изминатиов период сериозно посветивме внимание на подобрување на статусот на наставниците во рамки на основното и средно образование и како Влада и како министерство. Во изминатите неколку години решенија за трајно вработување добија околу 9000 наставници. Се спроведува интензивно можноста за трансформација на работниот однос, по две години комплетен фонд на часови наставниците добиваат трајни решенија. Се зголеми платата во рамки на образовниот систем во Р. Македонија. Најниската плата и воопшто просечната плата во образованието се високо зголемени . Просечната плата порасна за 67%, а за 115 % најниската плата во рамки на образованието, рече Ристовски.
Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и во следниот период планира со многу конкретни мерки да ги поддржува наставниците .
-Планираме систем на кариерно напредување кај наставниците со воспоставување на систем наставник-советник и наставник ментор кој што врз основа на своите активности ќе добијат и зголемување на платата. Покрај оваа мерка продолжуваме и со стипендирање на наставниците кои што ќе се запишат на еден од најдобрите 200 универзитети од областа на педагогијата, истакна Ристовски.
Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во следниот период планира да продолжи со конкретни мерки и конкретни активности, а не со празни ветувања и популистички најави.
-Ние сме многу конкретни, многу внимателни во она што го ветуваме за секоја група на граѓани и нашите поддржувачи.-Со гордост можам да кажам дека во изминатиов период сериозно посветивме внимание на подобрување на статусот на наставниците во рамки на основното