Министерството за образование и наука објави оглас за стипендирање на наставници од основните и средните училишта кои ќе се запишат на магистерски или докторски студии на еден од најдобро рангираните 200 универзитети во светот кои се наоѓаат на листата на Шангајскиот Џиао Тонг Универзитет или листата на QS од Велика Британија. Огласот ќе трае до 1 септември 2016 година, а МОН во целост ќе ги покрие трошоците за студирање.Заменик министерот за образование Спиро Ристоски денеска упати апел до сите наставници од основните и средните училишта да ја искористат оваа можност бидејќи ова е конкретен придонес на Владата на Р. Македонија кон нив.
Тој посочи дека оваа директна државна помош е во насока на зголемување на квалитетот на статусот на наставникот во Р. Македонија затоа што како што рече, наставниците ни се најсуштинската алка во спроведувањето на сите реформи кои што се директно поврзани со подобрување на образованието во Р. Македонија.
МОН во целост ќе ги покрие трошоците за студирање на наставниците кои вклучуваат надомест на уписнината во висина од најмногу 40.000 американски долари на годишно ниво, месечен паричен надоместок како и повратен авионски билет.
-Со новата мерка, со последните законски измени кои што ги направи МОН се гарантира работното место на наставникот кој што ќе се запише на еден од овие универзитети. Во периодот додека тој ќе биде на студирање, неговото работно место ќе биде гарантирано. По завршувањето на дооформувањето на образованието тој ќе се врати и ќе треба да работи во Р. Македонија во областа на образованието двојно за периодот за кој што бил стипендиран, потенцираше Ристовски.
Оваа мерка е дел од владината програма за работа, а реализацијата ја најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, откако од страна на Собранието минатиот месец беа усвоени законските измени со кои за време на студиите, работниот однос на наставниците им се става во мирување.Заменик министерот за образование Спиро Ристоски денеска упати апел до сите наставници од основните и средните училишта да ја искористат оваа можно