ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција оцени дека намерата да се укине екстерното тестирање не е реформа, туку антиреформа и популистичката мерка која е на штета на учениците.– Намерата на СДС да го укине екстерното тестирање е додворување на дел од родителите кои се третираат само како потенцијални гласачи, а не и како луѓе на кои државата треба да им обезбеди подобро образование за нивните деца и да бидат поуспешни во животот. ВМРО-ДПМНЕ го воведе екстерното тестирање како одговор на една појава која започна во периодот на транзицијата, а се манифестираше преку масовно пишување највисоки оценки без да се обезбеди дека ученикот има доволно стекнато знаење за таквата оценка, истакна Спиро Ристовски на прес-конференција.
Тој додаде дека СДС со планот за укинување на екстерното тестирање ја враќа назад Република Македонија и оти оваа мерка е единствено на штета на потенцијалот и успесите на децата.
– Доколку СДС до крај ги реализира популистичките најави, постепено се ќе се врати по старо. Оние кои имаат поголемо влијание, ќе успеат да ургираат нивното дете да биде со одличен успех без разлика дали учело или не учело. Дел од учениците ќе имаат висок успех со труд и знаење, а дел ќе имаат висок успех благодарение на нивните влијателни родители. Вината повторно ќе падне на наставниците, иако тие и сега, како и порано ќе бидат принудувани да попуштат пред притисоците, рече Ристовски.
На долг рок, според Ристовски, тоа предизвикува сериозни последици врз цели генерации ученици кои треба да се вработат и да се натпреваруваат на пазарот на труд со стекнатото знаење.
– Ставот на ВМРО ДПМНЕ секогаш бил дека целта на образованието не треба да бидат високи оценки и дипломи без знаење. Основната цел треба да биде знаењето. Партиите не треба да се пазарат со овие приоритети и со спуштање на критериумите да се обидат да им се допаднат на родителите или учениците, рече Ристовски.
Тој појасни дека првичниот модел на екстерно тестирање не бил идеален поради што по сугестија на родителите, наставниците и учениците биле направени законски измени со кои системот е значително подобрен.– Намерата на СДС да го укине екстерното тестирање е додворување на дел од родителите кои се третираат само како потенцијални гласачи,