Министерот за образование и наука Спиро Ристовски денес информираше дека е најдено решение на проблемот со кој се соочуваа над 120 ученици дел од Спортската академија. Истиот бил посочен од страната на родителите и учениците при теренските посети и средби со граѓаните.МОН направи извесни измени, ги предложи до Владата која ги усвои и предложи до Собранието. Денес беа усвоени од матичната комисија и се очекува истите да бидат условени на пленарната седница.
-Имено, сите ученици во Спортската академија ќе го продолжат своето образование следната учебна година во рамки на Спортската академија, никој нема да биде отпишан, со тоа што одредбата се одлага за следната учебна година имајќи го во предвид фактот дека оваа учебна година сите ќе учат по новите услови. За сите новозапишаи ќе важат условите да постои просекот 3,5, објасни Ристовски.
Имено, врз основа на законските одредби кои во август минатата година беа донесени, учениците во Спортската академија се должни да обезбедат просек од 3,5 просечна оценка од теоретските и практични предмети, а оние ученици кои нема да го добијат овој просек нема да може да го продолжат процесот на образование во рамки на оваа академија, односно ќе треба да бидат презапишани во друго училиште.
Родителите сметаа дека не биле доволно информирани, но како што објасни и министерот постоела законската обврска да се разгледа случајот бидејќи уписот на учениците е реализиран во период на мај и јуни, а законската одредба настапува по периодот во кој тие се запишани, што се смета за услови кои не биле дел од процесот кога тие се запишувале.
Основната идеја на Спортската академија е да се подигне квалитетот на образование во областа на спортот.МОН направи извесни измени, ги предложи до Владата која ги усвои и предложи до Собранието. Денес беа усвоени од матичната комисија и се очекува ист