Ристовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со зголемување на пензиите, СДСМ ги кратеше

Во рамки на тековните директни средби со граѓаните, Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска го посети Сојузот на пензионери во Кочани, каде со пензионерите разговараше за многубројните реализирани проекти во интерес на оваа категорија граѓани.Ристовски истакна дека со новата програма „Реално“ повторно се предвидени мерки со кои се унапредува животниот стандард на пензионерите.
– За сите категории пензионери е предвидено зголемување на пензијата од најмалку 10,25 отсто во текот на следните 4 години. Исто така предвидено е продолжување на проектот за бањско-климатска рекреација, како и многу други проекти кои ќе се реализираат за потребите на пензионерите, истакна Ристовски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со големата поддршка на пензионерите, за разлика од, како што рече, другите политички партии кои во неколку наврати ги намалиле пензиите и нанеле голема финансиска штета на македонските семејства.
Исто така, Ристовски информираше дека е изготвен и проект за изградба на пензионерски дом во Кочани и извршена е промена на Урбанистичкиот план, додавајќи дека преостанува да се изготви финансиската конструкција и потоа да се започне со градежните активности.Ристовски истакна дека со новата програма „Реално“ повторно се предвидени мерки со кои се унапредува животниот стандард на пензионерите

Пронајдете не на следниве мрежи: