Во рамките на акцијата “Ден на дрвото” денеска заменик министерот за образование Спиро Ристовски ја посети општина Кавадарци и засади дрвце во месноста „Глишички рид”.Тој изрази задоволство што во акцијата се вклучени и сите образовни институции, а се со единствена цел, развој на еколошката свест.
-На тој начин придонесуваме за правилниот еколошки развој на Република Македонија, за подобрување на состојбата со квалитетот на воздухот и целокупната еколошка слика на нашата држава. Истовремено тоа значи и правилно развивање на еколошката свест пред се кај учениците, што на долг рок значи развој на Република Македонија на ова поле, рече Ристовски оценувајќи ја акцијата како една од клучните за иднината на нашата држава.
Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов информира дека поради големата снежна покривка на првично планираната локација, се одлучи да се пошумува на „Глишички рид”.
-Позади нас можете да ги забележите и ефектите од оваа акција која се реализираше во текот на минатите години. Ова е една од критичните точки за Кавадарци, покрај долот „Калница”, кој ни прави штети. Ова е вистинското место за уредување, спречување на ерозија и екологија, нагласи Панов.
Во рамките на денешната акција за пошумување на голините „Ден на дрвото”, во Кавадарци и Росоман е планирано да се пошумат триесет хектари површина. Како што информираше директорот на подружницата на Македонски шуми, „Бор” од Кавадарци, Слободан Климовски, на располагање се 75 илјади садници јавор, јасен, багрем и чемпрес.
Во Росоман, се пошумува во росоманското село Мрзен.Тој изрази задоволство што во акцијата се вклучени и сите образовни институции, а се со единствена цел, развој на еколошката свест.
-На тој