Во разговор за „Дневник“ заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски зборува за инвестициите во основното и средното образование, за студентскиот стандард, условите во домовите, плановите за високото образование…Актуелни се низа капитални инвестиции во студентските домови. Kога би можело да се очекува оптимизирање на условите?
-Дел од процесите се во длабока фаза на имплементација, дел во почетна или подготвителна. Планот е мошне голем по обем на активности и износ на средства кои ќе се одвојат за таа намена, сепак, инсистираме што поскоро да се реализираат поставените цели. Доколку континуирано се одржувале објектите, немало да бидат во една состојба што студентите не ја заслужуваат и затоа решивме да ја промениме сликата целосно. Затоа, се донесе одлука за изградба на нови капацитети во рамките на Студентскиот дом „Стив Наумов“. С` започна со етапна, темелна реконструкција на најголемиот студентски дом во државата, „Гоце Делчев“, каде што еден од блоковите е целосно реновиран, опремен и вселен, а во тек е реконструкцијата на вториот блок. Целата инвестиција ќе чини 6 милиони евра. Почнавме постапка за набавка на нов мебел во сите останати студентски домови, за што ќе се инвестираат околу 1,5 милион евра. До крајот на летото ќе ги замениме лифтовите во сите државни студентски домови каде што има инсталирани лифтови. Следната 2017 година студентските домови ќе бидат опремени и со пералници и сушници за студентите. Одлучивме да изградиме и три целосно нови студентски дома, два во Скопје и еден во Тетово за потребите на тамошниот државен универзитет. За два од нив, односно за познатиот „Медицинар“ во Скопје и за оној во Тетово, активностите на терен се очекува да започнат кон средина на оваа година. За третиот дом во Скопје, процедурата е во подготвителна фаза. Некаде за 2-3 години, студентите ќе добијат високомодерни услови за сместување, домување и престој.
Работите на основање два нови државни универзитета. Има ли потреба од нив? Опозицијата критикува дека го намалувате квалитетот на високото образование…
-Опозицијата критикува постојано, за с` и сешто. Некој ќе рече – тоа им е работа. Но, јас сметам дека тоа им преостана… Во 2007 година како Влада донесовме одлука да се основа штипскиот државен универзитет. Тие и тогаш беа многу гласни дека оваа високо образовна установа не е потребна, дека целта е да се удомат партиски кадри и слично… Наспроти тоа, Универзитетот „Гоце Делчев“ за 9 години прерасна во второрангирана високообразовна установа во државата по квалитет на образовна понуда и научноистражувачка работа и солидно напредува на некои меѓународни рангирања и листи. Овие два нови државни универзитета се само надополнување на образовната понуда за нашите граѓани, но и за оние од регионот. Едниот, Универзитетот „Дамјан Груев“, воопшто нема потреба да се коментира дали треба или не треба да се основа. Тој е од стратешко значење за државниот суверенитет и јакнење на воената логистика. Другиот, „Мајка Тереза“ ќе биде интернационален. Преку него, ќе се врши трансмисија на врвните надворешни знаења и достигања, на светската научна мисла во нашето општество.
Промени се случија и во основното и во средното образование. Променети наставни планови и програми, екстерно тестирање, матура… Kолку сте задоволни од деветолетката?
-Деветолетката се воведе како еден целосно нов концепт на основно образование и едукација на учениците во земјата, кој, во суштина е позитивна пракса во голем дел од развиените европски земји и пошироко и на чија имплементација кај нас претходеа, но и тековно го следат низа крупни суштински промени. Првенствено се направи надградба и модернизација на воспитно-образовната програма за предучилиштен развој, за 5-6 годишна возраст, како добра основа за натамошен училиштен развој, па дури потоа се воведе деветгодишното основно образование. Следуваше воведување странски јазик уште во прво одделение, а исто така акцент се стави и на информатиката, претприемаштвото, бизнисот и иновациите. Во меѓувреме, се зголеми и фондот на часови по спорт и спортски активности. Најсуштинската алка во целата оваа реформа е воведувањето на новите наставни програми и учебници за чиј квалитет гарантира најголемиот светски снабдувач со квалитетни учебници – Меѓународниот центар за наставни програми на Универзитетот „Kембриџ“. Сето ова дава резултати. Се создаваат генерации со с` поголеми знаења и с` повеќе конкурентни во меѓународни размери.
Вложува ли државата доволно во развојот на науката?
-Државата издвојува некаде околу 4,3% од бруто-домашниот производ за да инвестира во науката. Не велам дека е многу, но факт е дека буџетот за оваа намена расте… Исто како што расте и буџетот за севкупното образование, којза 10 години се зголеми за 72,3%, односно од 13,4 милијарди денари во 2006, на 23,1 милијарди во 2016 година. Во изминатите неколку години науката ја поддржавме со многубројни проекти и мерки, кои создадоа нови можности. На пример финансирањето домашни и меѓународни научни билатерални проекти, достапност на литература со меѓународен фактор на влијание, достапност на услугите од 80 современи лаборатории со апликативна и научна дејност, достапност на финансиска поддршка во форма на научни и творечки субвенции и така натаму…Дури и основавме Фонд за иновации и технолошки развој, кој има почетен буџет од 10 милиони евра и кој, веќе преку 2 јавни повици, за само една година поддржа 33 иновативни проекти за кои распредели 1,4 милион евра. Оваа година тој износ ќе биде речиси удвоен.Актуелни се низа капитални инвестиции во студентските домови. Kога би можело да се очекува оптимизирање на условите?
-Дел