Ристовски: Започнаа реконтруктивни активности во три училишта-Во три училишни објекти кои се дел од акцискиот план на Министерството за образование и наука за 2017 година, започнаа планираните реконструктивни, односно санациони активности. Се работи за основното училиште “Маршал Тито“ во струмичко Муртино, каде се поставува систем за греење. Основното училиште “Кирил и Методиј“ во Велес, каде се врши рехабилитација на фасадата и средното училиште “Ибрахим Темо“ во Струга, каде се реконструираат санитарните јазли. Вкупната инвестиција е во вредност од 11,3 милиони денари. Преземените обврски согласно потпишаните договори, изведувачите ќе ги реализираат до крајот на месец април. Во меѓувреме, започнуваат подготвителните активности за подобрување на условите и во бројни други училишни објекти. Оваа сфера е наш приоритет. Продолжуваме со исполнување на секој даден збор, пишува Ристовски.
-Во три училишни објекти кои се дел од акцискиот план на Министерството за образование и наука за 2017 година, започнаа планираните реконструктивни