Рита Ора призна дека стравувала од нејзиното момче Роб Кардашијан дека ќе и ја “уништи” кариерата, бидејќи почнал да шири “непотребни навредливи зборови” за неа по прекинот на нивната врска.
Братот на Ким Кардашијан ја нападнал британската пејачка на Твитер во декември минатата година, обвинувајќи ја дека го изневерувала “со речиси 20 момци” и тврдел дека таа била бремена од него.
Ора вели дека јавниот испад на Роб “не е нејзин начин на терапија” и се запрашала дали можеби неговото однесување преку Твитер покажувава знаци на “ментална нестабилност.”
“Јас не зборувам за нешто доколку не сакам да привлечам внимание”, изјави Ора за “Look”. “Зошто некој би го окупирал мозокот на други луѓе со непотребни невистини и изјави ?
Во мојот свет, овие приказни не се важни. Твитер може да ви го уништи животот.
Кога сте биле со некој во врска и тој одлучил да ги изрази своите чувства во јавност – тоа лично, не е мојот начин на терапија, но претпоставувам дека секој различно реагира на раскинување. Треба да седнете и да размислите за тоа дали сте ментално стабилни пред да се приклучите на Твитер. ”
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Рита Ора призна дека стравувала од нејзиното момче Роб Кардашијан дека ќе и ја “уништи” кариерата, бидејќи почнал да ш