Почнувајќи од денеска, Вип е првиот мобилен оператор од Македонија кој благодарение на соработката со партнерските оператори од Телеком Австрија групацијата во Австрија (A1 Telekom), Словенија (Si.mobil) и Хрватска (Vipnet) им овозможува на своите постпејд корисници кои ќе патуваат во овие земји и ќе се приклучат на наведените мрежи, да користат интернет со 4Г брзини.Со цел да уживаат во придобивките на брзиот интернет по најповолни услови, при престојот во овие земји, постпејд корисниците може да одберат пакет Vip Roam Surf 200 за 399 денари со кој добиваат 200МB мобилен интернет со 4Г брзини во роаминг или Vip Roam Surf 500 со кој добиваат 500МB за 699 денари. Пакетите се активираат со испраќање на СМС порака на бројот 140 999, со текст START SURF 200 или START SURF 500, во зависност од избраниот пакет. Истите може да се активираат од земјава или од странство, а може да се користат во текот на триесет дена од моментот на активација. По искористување на интернет сообраќајот вклучен во секој од пакетите, корисниците можат повторно да активираат еден од понудените пакети или да продолжат да користат интернет по намалени цени.
Дополнително, за сите корисници кои користат роаминг, Вип воведува дополнителна контрола на трошоците за интернет сообраќај во странство. Имено, откако за користење на интернет во странство се достигне износ од 1000 денари со вклучен ДДВ, корисникот ќе биде известен за истото и истовремено интернетот во странство ќе биде блокиран. Доколку корисникот сака и понатаму да користи интернет во странство, треба да испрати СМС порака според инструкциите добиени во пораката за достигнување на лимитот.
Повеќе информации и детали корисниците можат да добијат на бројот 077 1234 или на веб страницата www.vip.mкСо цел да уживаат во придобивките на брзиот интернет по најповолни услови, при престојот во овие земји, постпејд корисниците може да одберат пакет