Робин Шарма: 15 совети за подобрување на животот!

Робин Шарма е автор на 15 популарни книги меѓу кои „Кој ќе плаче кога ќе умреш“, „Лидер без титула“ и бестселерот „Свештеникот кој го продаде своето Ферари“, продаден во повеќе од 3 милиони примероци низ целиот свет.Дозволи великодушноста да ти биде ѕвезда водилка.
Пушти ги замерките, прости го и непростливото.
Сфати дека секоја личност којашто има влезено во твојот живот ти помогнала да станаш личноста којашто си сега. Почитувај ги и сакај ги луѓето во твојот живот.
Верувај дека од страдањата и трудот излегува твојата сила која ти служи за понатамошен раст. Најдобрите од нас своето страдање го претворија во хуманост, храброст и љубов.
Работи на проекти од коишто се плашиш.
Никогаш не пропуштај шанса да му помогнеш на друго човечко суштество, барем преку охрабрување.
Одбивај да стагнираш! Комфорот ги загрозува потенцијално прекрасните животи. Кога ќе се воздигнеш до нови нивоа на успех, продолжи понатаму.
Забележувај ги чудата околу себе во секојдневниот живот. Тие се тука за будните на коишто сакаат да им сведочат.
Насмевни му се на странец, биди љубезен и не очекувај ништо за возврат.
Направи своја СТОП листа – список на нешта кои сакаш да престанеш да ги правиш бидејќи тие залудно го трошат твоето скапоцено време.
Помалку вести, повеќе книги. Точка.
Труди се бидеш мудра, бистра, пристојна личност полна со разбирање и љубов. Дури и најдобрите од нас на крајот посакуваат да биле сакани повеќе. Затоа, те молам сега направи го тоа!
Ако се задоволиме со малку, тоа и ќе го добиеме. Затоа, постави си храбри цели кои ќе го будат тој прекрасен пламен што гори во тебе.
Секогаш прави рачно изработени благодарници за менторите и сите оние коишто ти помогнале. Во денешниот дигитален свет тоа е знак дека навистина ти е грижа.
Остани храбар. Остани искрен. Биди сјаен!

Пронајдете не на следниве мрежи: