Шест години по смртта на синот, добиле внуче.
Пред три недели во Израел се родило бебе, кое никогаш нема да го запознае својот татко, бидејќи тој пред шест години умрел од рак.
Ни мајката на бебето никогаш не го сретнала тој човек- таа прва жена во Израел на која и е направено вештачко оплодување со сперма од мртов човек. Родителите на починатиот одбрале таа да биде мајка на нивното внуче.
Откако дознал дека боледува од тешка болест, синот инсистирал спермата да му се сочува. Терапијата не донела резултати и тој умрел на 30 години. Неговите родители сметале дека можат да го оживеат духот на неговиот син ако им се роди внуче. Па започнале да бараат жена која ќе се согласи да му биде мајка.
Потрагата ги донела до една жена која била сама и сонувала да стане мајка. Најпрво имало проблем бидејќи родителите не поседувале документ со кој нивниот син дозволува неговата сперма да биде искористена за вештачко оплодување. Но откако судот не се противел, девојката забременила.
Па на овие родителите светот им се срушил пред шест години а сега повторно им се вратила светлоста во животот.
Мајката на детето ја чува фотографијата од неговиот татко. Во чувањето на бебето и помагаат и бабата и дедото.
Имено, уште две жени се бремени од личности кои се одамна мртви.
Шест години по смртта на синот, добиле внуче.
Пред три недели во Израел се