Тренерот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Брендон Роџерс, му возврати на уругваецот кој сака да си замине од тимот.Луиз Суарез можеби оправдано си бара трансфер од англискиот премиерлигаш, поентата и целта се јасни, уругваецот има огромна желба да игра во Лигата на Шампионите, нешто што од ланските ветувања на управата на клубот не му се реализираше.
Сепак, тренерот на Ливерпул негира дека му се дало било какво ветување на Луис Суарез, иако уругваецот тврдеше дека од управата на клубот добил ветување дека по секоја цена ќе се изборат за пласман во Лигата на Шампионите.
„Никакви ветувања не беа дадени, категорично реагирам и тврдам дека со оглед на тоа, никакви ветувања не се прекршени. Суарез покажа целосно непочитување кон клубот – клубот кој му пружи едноставно се што посака“ изјави тренерот на Ливерпул, Брендон Роџерс.
Во меѓувреме, лондонскиот премирелигаш Арсенал испратил понуда вредна 51 милиони фунти за уругвајскиот интернационалец од екипата на Ливерпул.Луиз Суарез можеби оправдано си бара трансфер од англискиот премиерлигаш, поентата и целта се јасни, уругваецот има ог