СВР Куманово поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово против Т.И.(23) од Скопје, поради основано сомнение дека сторила кривично дело „Убиство на дете при пораѓање“.Пријавената која што веќе била во 7/8 месец од бременоста и за која што бременост не постојат податоци дека претходно била лекарски контролирана и покрај сето ова тргнала на апсолвентска ексурзија.
На 29.03.2016 година околу 11:30 часот на граничен премин „Табановце“, додека чекале за пасошка контрола пријавената почувствувала силни болки во пределот на стомакот и се упатила во тоалетот на граничниот премин. Притоа додека била во тоалетот се случило породување, а пријавената го зела бебето и го ставила во корпата за отпадоци. По настанот се вратила во автобусот и продолжиле со патувањето.
Откако од персоналот на граничниот премин било откриено телото на новороденчето настанот бил пријавен во СВР Куманово и по интензина истрага контактирано е со организаторите на екскурзијата, а пријавената на 30.03.2016 е однесена во Гинеколошка клиника во Прага, Чешка Република при што и е укажана лекарска помош. По завршувањето на екскурзијата на 18.04.2016 година на граничен премин таа е приведена од страна на полициски службеник и е однесена на дополнителни медицински вештачења.
Меѓу другото според истрагата е констатирано дека без оглед на датумот на бременоста, новороденчето кое било живо родено би преживеало доколку било родено во соодветни болнички услови.Пријавената која што веќе била во 7/8 месец од бременоста и за која што бременост не постојат податоци дека претходно била лекарски контролирана и