Беки Ален, 23 годишната мајка од Ливерпул, донела на свет идентична тројка за што веројатноста е 1:200 милиони. Таа родила три сина, Рок, Роман и Рохан.Самата информација дека Беки носи тројка бил голем шок за неа, а откако дошол и резултатот и ДНК тестот и потврдил дека станува збор за идентични бебиња, на нејзината среќа и немало крај. И покрај тоа што сите шпекулираат дека децата се зачнати со вештачко оплодување, Беки тврди дека се било природно и токму затоа шансата да се случи такво нешто е еден спрема 200 милиони.
Сепак, новопечената мајка тврди дека нема никаков проблем да ги разликува, иако се идентични.
– Кога беа новороденчиња беше тешко, но никогаш ги немам помешано. Сите имаат младеж околу веѓите и додека на Роман е малку потемен од останатите, Рохан има уште еден и на ногата и така ги разликувам. Докторите останаа во чудо кога видоа дека се идентични и рекоа дека шансата за такво нешто е неверојатно мала – изјави Беки.
Таа се породила со царски рез, а пред тројката на свет ја донела и ќеркичката Индијана.
„Рохан е најгласен, само нешто вика. Роко од друга страна е целосно опуштен, додека Роман е себичен и не сака да дели. Секогаш одат на истите играчки и се обидуваат да дојдат до нив пред своите браќа. Индијана ги обожава и воопшто не е љубоморна, но мислам дека ќе и биде тешко да израсне со тројца браќа“ – изјави Беки.
Оваа тројка троши околу 130 пелени на неделно ниво, четири кутии марамчиња, а машината за перење константно работи.
Нивниот татко Лиам Терни не живее со Беки и децата, но помага колку што може.Самата информација дека Беки носи тројка бил голем шок за неа, а откако дошол и резултатот и ДНК тестот и потврдил дека станува збор за идентични б