Тоа беше долг ден за Иван Разумов од Белорусија. Се враќал дома од работа и забележал изгубено девојче и куче како одат покрај патот.Иван го сопрел автомобилот за да му помогне на девојчето. Не било вообичаено толку мало девојче само да лута по автопат. Кога ѝ се приближил, видел дека носела валкана облека и искинати обувки. Изгледала очајно.
„Како се викаш?“ – ја прашал Иван.
Девојчето едвај прозборело: „Жења. Федорович Владимировна“.
Иван сфатил дека девојчето најверојато преминало и преку 15 километри. Одлучила да оди по сладолед во соседното село, бидејќи во нејзиниот дом немало храна.
Уште побизарно е што нејзините родители биле во алкохолизирана состојба и не биле способни да се грижат за неа.
Жења му рекла на Иван дека долго пешачела и дека ја болат нозете. Тој ѝ дал малку вода и повикал полиција и социјални работници. Девојчето било однесено во болница.
Социјалните работници ги посетиле нејзините родители. Биле изненадени од глетката во домот. Лежеле на подот, а целата куќа мирисала на алкохол.
За среќа, Жења закрепнала во болница. Иван редовно ја посетувал, а планира и да ја посвои. Единствено му е потребна дозвола од нејзиното семејство.
Благодарение на Иван, малата Жења на време добила помош и се спасила. Тој не бил првиот којшто поминал по тој пат и ја видел Жења.
Тој ден поминале илјадници автомобили и возачите не обрнале внимание на детето.
Иван го сопрел автомобилот за да му помогне на девојчето. Не било вообичаено толку мало девојче само да лута по автопат. Кога ѝ се приближил, видел