Луѓето често велат дека не е важен подарок, туку мислата која оди со него. Можеби не постои подобар начин да се докаже оваа изрека од примерот на семејството Блеклеџ.Шери и Крег Блеклеџ не можеле да имаат свои деца, па така ја посвоиле Брук и нејзиниот брат Брајан уште додека биле новороденчиња.
Во март Брук се омажила за својот партнер Тејлор Зуг, и се се променило, па многу емотивни моменти останале забележани како спомен за во иднина.
Но, еден од таквите моменти сигурно бил неочекуван за Брук. Нејзината мајка и подарила нешто што било тајна повеќе од 20 години.
Нејзините родители Шери и Крег напишале писмо кога имала само 18 месеци, во кое помеѓу останатото напишале дека сакаат да знае колку ја сакаат и колку радост донела во семејството.
Уште тогаш одлучиле дека ќе и го подарат на денот на венчавката. За подарокот да биде уштре поубав, Шери го испринтала на ткаенина од венчалниот фустан на Брук.
„Посвоена е, но од секогаш сакам да знае колку многу ја сакам, и сонував за тоа да ја потсетам на тоа на денот на нејзината венчавка“, вели мајката.
Шери и Крег Блеклеџ не можеле да имаат свои деца, па така ја посвоиле Брук и нејзиниот брат Брајан уште додека биле новороденчиња.
Во март



