Родители се одлучиле по раѓањето на синот да ја задржат папочната врвца и постелката

Ник и Ванеса Фишер одлучиле синот Ештон да им се роди дома и избрале пракса позната како “Лотус-породување (Lotus Birth)” што значи дека не ја пресекле папочната врвца по раѓањето на детето.“Лотус-породувањето” подразбира задржување на папочната врвца и постелката сè додека таа природно не се оддели од детето, што може да трае со денови. Целта на ова е детето да ги добие сите потребни состојки од неа. 
Семејството Фишер дошле до оваа идеја откако Ванеса истражувала за крвта од папочната врвца. Таа открила дека многу мајки не ја пресекуваат папочната врвца неколку часа по раѓањето, со цел да обезбедат потполно плацентално пренесување на крвта кај бебето.
“Постепеното раздвојување на папочната врвца и постелката изгледа повеќе емоционално обзирно кон бебето, а сè спротивно од тоа би можело да биде трауматично. Кога папочната врвца природно ќе се одвои и плацентата ќе ја заврши својата работа, пружајќи му ги на детето сите хранливи материи, детето има време да воспостави врска со таткото”, вели Ванеса.

Незјин роднина за постелката на Ештон направил и посебна торбичка, а мајката тврди дека нема многу работа околу нејзиното одржување. Билките кои ги користи за нејзино плакнење ги неутрализира мирисите.
Оваа пракса е сè попопуларна во последните неколку години, а мислењата на лекарите се поделени.
“Постелката е мртво ткиво и поради тоа крвта во неа може да биде склона кон развој на бактерии, а евентуалната инфекција може да се прошири на бебето”, тврди д-р Вилијан Швајзер од Медицинскиот центар на универзитетот Лангон во Њујорк.
Меѓутоа, бројни родители се одлучуваат за “лотус-породување” и сметаат дека луѓето премногу слепо ѝ веруваат на медицината и не размислуваат за алтернатива.
Откако постелката ќе се одвои од бебето, Ник и Ванеса планираат да ја закопаат.“Лотус-породувањето” подразбира задржување на папочната врвца и постелката сè додека таа природно не се оддели од детето,

Пронајдете не на следниве мрежи: