Родители во паника: Познат светски сајт го одзема животот на нивните деца

Неколку родители се во паника и бараат затворање на овој сајт кој е виновен за одземањето млади животи.Познат сајт во светот одзема живот ни млади деца.
Станува збор за популарниот интернет сајт ask.fm. Досега се пријавени четири случаи на самоубиство на млади деца, а нивните родители се сигурни дека зад нивното самоубиство стои ask.fm.
Според британски Дејли Меил, последна жртва на навредите од корисниците на сајтот е 14-годишната Хана Смит. Нејзиниот татко, Дејв, покренал петиција за затворање на спорниот сајт, а испратил и апел до британскиот премиер Дејвид Камерун.
Тие раскажале дека нивната ќерка се приклучила на сајтот бидејќи имала проблеми со егзема и сакала да најде некој со кого ќе ја сподели маката и ќе најде решение.
Но, наместо тоа добивала пораки, „убиј се“, „испиј киселина“, „не вреди да живееш“. Не можејќи да го издржи насилството се обесила во својата соба, а телото го нашла нејзината постара сестра.

Уште еден ваков случај се случил во април годинава кога животот си го одземал 15 годишниот Џош Усворт, кој исто така бил жртва на овој сајт.
Две тинејџерски од Ирска, Кјара Пагзли и Ерин Галагер се самоубиле откако биле измачувани на Ask.fm.
Родителите бараат да се затвори сајтот пред уште некое дете да заврши трагично. Според нив, секојдневно стотици деца се мета на силеџии кои ги навредуваат и мачат. 
 
Ask.fm e социјална мрежа, а нејзините креатори се од Латвија. Секој корисник добива прашања од останатите членови на мрежата. Лансирана е во 2010 година. 
 
 Познат сајт во светот одзема живот ни млади деца.
Станува збор за популарниот интернет сајт ask.fm. Досега се пријавени четири случаи на са

Пронајдете не на следниве мрежи: