Родителите на ова дете живеат во страв дека еден ден ќе се изеде самото!

Дваесет и три месечното бебе Гизер Бакстон се наоѓа во ретка генетичка состојба – Прадер-Вили синдром или постојано чувство на глад, каде што контролата за јадење воопшто ја нема.Гизер постојано е гладен и не знае кога треба да престане со јадење. Неговите родители се плашат дека еден ден тој самиот ќе почне да се јаде.
Оние луѓе кои страдаат од ваков синдром обично јадат компулсивно и чувствуваат опсесија кон храната, но оваа состојба се појавува дури по 6 годишна возраст. Покрај неконтролираниот апетит, заболените страдаат и со забавен физички и психички развој. Во 2011 година, 2-годишно девојче скокна врз голема свадбена торта. Во 2012 година, 20-годишна девојка почна самата да се јаде, а 4-годишна девојка јадела стакло и тапети од болничката соба каде што престојувала.

Со Гризер случајот не бил ваков, бидејќи докторите ја откриле оваа состојба кај него уште кога имал 3 недели. Откако забележале некои чудни движења тие решиле да му направат една крвна слика, која ќе им го открие проблемот. Токму поради оваа состојба, Гризер сè уште нема проговорено, ниту пак проодено.
Мишел Саргент и Крег Бакстон, знаат со што треба да се соочат. Тие се сигурни дека нивното дете нема да има независен живот и дека секогаш и во секое време мора да има некој возрасен до него.

 

– Не можам да замислам да го оставам сам. Кога ќе порасне мора постојано некој да го надгледува, бидејќи луѓето во оваа состојба треба да консумираат помалку калории поради мускулната маса. Ако почне да јаде сè и сешто мора да ја контролираме неговата тежина. Мора секогаш да го гледаме додека јаде..Јас едноставно се плашам еден ден да не почне да се јаде самиот, изјавува неговата мајка Мишел.
Неговите родители постојано се обидуваат да дознаат повеќе информации за оваа состојба, како и начини со кои би му овозможиле на нивното дете посреќен и поздрав живот.Гизер постојано е гладен и не знае кога треба да престане со јадење. Неговите родители се плашат дека еден ден тој самиот ќе почне да се јаде.

Пронајдете не на следниве мрежи: