Родителите на починатата Тијана сепак не се виновни?!

Полициски инспектор од Белград вчера ги разгледа сметки кои се чуваат поо смртта на малата Тијана Огнановиќ.  На двете сметки меѓу кои е и сметката на мајката Елена се регистрирани повеќе од 1,6 милиони евра, известуваат српските медиуми. Од полицијата тврдат дека не постои никакво повлекување на парите, ниту било каква трансакција, по смртта на малото девојче. 
Полицијата велат дека родителите  ќе бидат повикани на интервју , но за сега не постои доказ за кривичноо дело од страна на родителите. 
За српските медиуми се огласи и таткото на малата Тијана кој изјави:

“Немам никаков коментар за ова ниту пак информација. Ако има нешто, а дефинитивно не постои ништо, законот ќе ја заврши работата, а доказите ќе покажат кој е виновен, а кој не во целата оваа ситуација“.  
Во последните неколку дена , медиумите објавија нови информации дека родителите ја злоупотребиле болеста на малото девојќе за да соберат пари, а покрај тоа се пишуваше дека фали дел од парите на сметката на починатата Тијана. 
Останува на истрагата да покаже дали родителите на Тијана се навистина виновни или не. Од полицијата тврдат дека не постои никакво повлекување на парите, ниту било каква трансакција, по смртта на малото девојче. 
Полиција

Пронајдете не на следниве мрежи: