Родителите не биле свесни дека нивниот син тргнал во самоубиствена мисија!

Родителите на копилотот Андреас Лубик, ја откриле вистината за самоубиствената мисија на нивниот син, само неколку минути пред објавувањето на истата информација во јавност, пренесе „Daily Mail“.Обвинителот Кристоф Кумпа, тврди дека копилотот на „German wings“, на 24 март го урнал авионот во Алпите со брзина од 644 km/h.
Родителите на Лубик патувале во Франција заедно со роднините на жртвите, но набрзо биле „издвоени“ кога се открило декa нивниот син бил вмешан во несреќата. Тие набрзо биле однесени на тајна локација, каде што ги испитува полицијата.
Германската полиција изврши претрес на семејната куќа на Лубик во Монтабур, чија вредност се проценува на 500.000 евра, како и неговиот стан во Дизелдорф. Таткото на Лубик е успешен бизнисмен, додека неговата мајка е учителка по пијано.
Обвинителот рече дека истрагата сѐ уште трае и дека ќе биде потребно време да се испитаат доказите. Тој не наведе повеќе детали.
Неименувана пријателка на Лубик, изјавила дека тој бил депресивен.
„Очигледно е дека се истоштуваше на работа. Беше во депресија“, рекла таа.
Од авиокомпанијата беше соопштено дека внимателно се бира екипажот и дека се изненадени од постапката на Лубик.
Психолошките и техничките тестови покажале дека тој бил подготвен да лета.
Новите податоци велат дека капетанот, откако не можел да влезе во кокпитот, го внел бројот за вонредни случаи за да ја отвори вратата, меѓутоа копилотот повторнo ја заклучил кабината.
„Можеме само да шпекулираме за мотивот на копилотот. За компанијата која се гордее со својата безбедност за време на летањето, ова е голем шок. Ние внимателно го бираме екипажот за кокпитот“, изјавил извршниот директор на „Lufthansa“, Карстен Спор.Обвинителот Кристоф Кумпа, тврди дека копилотот на „German wings“, на 24 март го урнал авионот во Алпите со брзина од 644 km/h.

Пронајдете не на следниве мрежи: