Родителите не можат да им поверуваат на сопствените очи: Поради тоа што нивниот син не отишол на роденден кај другарчето добиле…

Родителите на 5-годишното прваче добиле  сметка поради тоа што нивниот син не присуствувал на роденденската забава на неговото другарче од училиште. Мајката на тоа момче тврди дека претрпела парична штета, бидејќи на организаторите на забавата платила и за момчето кое не се појавило…Дерек Наш и Танја Валш пронашле коверт со сметка во училишната торба на својот син минатата седмица. Сметката ја пратила мајката на неговиот другар од одделението Џули Лоренс.
Лоренс тврди дека на организаторите на роденденска забава платила и за момчето кое не се појавило, и наведува дека Дерек и Танија на време не ја известиле дека нивниот син нема да дојде.
Зедно со сметката во износ од 19.95 британски фунти, стигнало и предупредување дека, доколку не биде платена сметката, случајот ќе оди на суд за спорови за мала вредност. Наш и Валш тврдат дека немаат намера да платат.

Се започнало на крајот на минатата година малиот Алекс бил повикан да дојде на роденден кај свое другарче во ски забавен центар. Малото момче сакало да оди, па родителите прво потврдиле дека имаат намера да го однесат, но подоцна ја промениле одлуката бидејќи претходно закажале посета кај баба му и дедо му.
Мајката на Алекс кажала дека немала контакт од Лоренс, а тие две инаку не дружат, па не можела да ѝ се јави. Не можела ниту да ја најде официјалната покана.

„Без оглед на се, некој да ни прати сметка поради тоа… никогаш не сум чула ништо слично“, рекла таа.
Од друга страна Лоренс тврди дека на поканата имало детали, вклучувајќи ги и нејзините контакти.Дерек Наш и Танја Валш пронашле коверт со сметка во училишната торба на својот син минатата седмица. Сметката ја пратила мајката на неговиот другар

Пронајдете не на следниве мрежи: