Фудбалерот на Реал Мадрид Џејмс (Хамес) Родригез, изјави дека е одлично што настапува заедно со најдобриот во светот, Кристијано Роналдо.Одличниот Португалец ги израдува мадриѓаните со титулата во Суперкупот на Европа, постигнувајќи два погодока во дуелот со ривалите Севиља.
„Среќен сум што дебитирав за Реал со победа. Убаво е и ќе се потрудиме да освоиме наслови и да се радуваме на успеси. Одлично е што настапувам со Роналдо, желба ми е да погодува за титули“, вели Родригез.
Најдобриот стрелец на Светското фудбалско првенство во Бразил настапи во средниот ред, што за колумбискиот репрезентативец е добро, бидејќи е желба на тренерот.
„Ова е интересна позиција во средниот ред, ќе се потрудам да исполнам се што ќе му треба на Анчелоти. Можам да се радувам што сум во Реал , на која било позиција“, додава Колумбиецот.
За преселбата на Родригез од Монако, европскиот шампион издвои 80 милиони евра.
„Ми понудија добредојде за секоја чест. Ќе ја оправдам довербата“, заклучи Родригез.Одличниот Португалец ги израдува мадриѓаните со титулата во Суперкупот на Европа, постигнувајќи два погодока во дуелот со ривалите Севиља.