Рогозин: Предлагам САД да испратат свои космонаути во вселената со помош на трамполина!

Заменик-министерот за одбрана на САД Франк Кендал призна дека Пентагон за сега нема со што да го замени ракетниот мотор од руско производство, кој се користи за лансирање на американските воени сателити.”Ние немаме прифатливо решение за овој проблем. Уште не сме решиле ништо – рече Френк Кендал по говорот во Комитетот на Сенатот за прашања на одбраната.
Претходно, министерот за одбрана на САД , Чак Хејгел му дал налог на раководството на американските  воздухопловни сили да ги преиспита принципите на соработка со Русија во воено-техничката сфера и да ја намали зависноста на Америка од руските мотори. САД за ракетите Атлас употребуваат руски мотори РД- 180.
Како варијанта за решение на проблемот, воените воздухопловните сили на САД, размислува за производство на верзија од тие мотори на својата територија или целосна промена на ракетите Делта, кои имаат сосема поинаков мотор.
Исто така Пентагон планира скора сертификација на новата кампања со која ќе може да лансира сателити со други мотори.

 
Меѓутоа, ќе биде многу проблиматично да се минимизираат загубите поради откажувањето од руските мотори: американското Министерство за одбрана моментално нема доволно време, а ни технолошки ресурси за произведување на мотори во САД. Со тоа, капацитетите за производство на ракети Делта се ограничени, вели Кендал.
Пред два дена претседателот на руската Влада Дмитриј Рогозин, во чија надлежност е развојот на космонаутиката, шеговито предлага САД да испратат астронаути на Меѓународната вселенска станица со алтернативен транспорт (тие моментално летаат во руски ракети).
„Откако ги анализирав санкциите против нашата космичка индустрија, предлагам САД да испратат свои астронаути на МСС со помош на трамполини“”Ние немаме прифатливо решение за овој проблем. Уште не сме решиле ништо – рече Френк Кендал по говорот во Комитетот на Сенатот за прашања на одбра

Пронајдете не на следниве мрежи: