РОМАН ШТО ГИ РУШИ СТЕРЕОТИПИТЕ – ПРЕД МАКЕДОНСКИТЕ ЧИТАТЕЛИ

9 декември 2015, Скопје – Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство го најавува објавувањето на романот „Сушен период“ од Габриела Бабник. Во Словенија книгата беше пречекана како настан со кој се рушат стереотипите меѓу Европа и Африка.Книгата е добитничка на Европската книжевна награда во 2013 година. Преводот на македонски е на Лидија Аризанковска.
„Сушен период“ опишува љубовна врска меѓу Ана, 62-годишна дизајнерка од Централна Европа, и Исмаел, 27-годишен Африканец што пораснал на улиците и бил жртва на многу злоупотреби. Она што им е заедничко се осаменоста, трагичното детство, сушните периоди или „харматан“, кога ниту природата ниту љубовта не можат да процветаат. Наскоро, уметницата сфаќа дека празнината помеѓу нив не се појавува поради бојата на кожата или поради разликата во годините, туку поради нејзината припадност на западната цивилизација, во која таа ги има изгубено сите зацртани улоги – на ќерка, на жена и на мајка.
Еротиката не ја надминува осаменоста, потиснатите тајни од минатото испливуваат во светот што е суров, но и поневин од нејзиниот. Во романот се преплетуваат магичен реализам и фрагменти од африканската политичка реалност, а посебно место ѝ се посветува на една од клучните фигури од африканската кинематографија: сенегалскиот режисер Џибрил Диоп Мамбети. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.
Габриела Бабник (1979) е словенечка писателка родена во Гепинген, Германија. Студирала компаративна книжевност во Љубљана, а потоа патувала во Африка, која станала инспирација за нејзините дела. Пишува книжевни осврти, есеи, патописи и интервјуа во различни медиуми во Словенија. Магистрирала со дисертација за современиот нигериски роман. Пишува политички колумни за африканските прашања.
Лидија Аризанковска е преведувач и универзитетски професор. Родена е во Скопје, на 28 октомври 1966 година. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што ги одбранила и магистреската и докторската теза. Редовен професор е на истиот факултет. Подрачје на научно-истражувачка работа ѝ се македонскиот и словенечкиот јазик.
Учествувала на повеќе семинари и конгреси, дома и во странство. Автор е на 60 научни текстови и на неколку книжевни преводи.
Добре дојдовте во светот на книгите, добре дојдовте во „Антолог“!
Следете нè на:
Facebook
Twitter
@Antolog_Books
Instagram
antolog_books
Youtube
 Книгата е добитничка на Европската книжевна награда во 2013 година. Преводот на македонски е на Лидија Аризанковска.
„Сушен пери

Пронајдете не на следниве мрежи: