РОМАНТИЧЕН ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА: Судбоносното „ДА“ го изговориле на полноќ!

Кога часовникот покажа 12 часот на полноќ, Мирољуб Радовиќ (27) и Марија Радисављевиќ (22) од Алексинац, ја крунисале својата љубов на најромантичен можен начин – венчавка во новогодишната ноќ.„Мојата избраничка и јас, ја започнавме врската на 4 август минатата година на мојот роденден, а се свршивме на 4 март оваа година, на нејзиниот роденден. Баравме неутрален датум за венчавка и новогодишната ноќ ни се чинеше како најдобра опција. Таман се погоди роднините да дојдат во Алексинац за прослава на најлудата ноќ“, вели Мирољуб, кој инаку е апсолвент по рударство.
Младиот пар на 23 ноември доби и принова – синот Василиј, така што минатата година засекогаш ќе им остане во добро сеќавање.
Со оглед на тоа дека и двајцата се членови на фолклорен ансамбл – КУД Алексинац, пред матичарот се појавија во народна носија.
„Ова е најубавиот начин на кој можеме да завршиме една и да започнеме наредна година. Кога пред месец дена дојдоа да го пријават бебето, им дојде идеја да се венчаат и јас на шега им спомнав да го направат тој чекор за Нова Година. И ете, го послушаа советот. Се надевам дека ваквата традиција ќе продолжи и во иднина“, вели матичарката Радица Пешиќ.
По венчавката, шампањското и тортата, началникот на општинската управа на Алексинац, Дејан Милошевиќ, им подарил часовници на младенците.„Мојата избраничка и јас, ја започнавме врската на 4 август минатата година на мојот роденден, а се свршивме на 4 март оваа година, на нејзин

Пронајдете не на следниве мрежи: