Португалецот Кристијано Роналдо и германката Надин Кеслер, се прогласени за најдобри фудбалери во 2014 година од страна на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).На гала церемонијата која се одржа вечерва во Цирих, Роналдо го понесе признанието на ФИФА „Златна топка за 2014 година“’ во конкуренција на Лионел Меси од Барселона и голманот на минхенски Баерн Мануел Нојер.
Роналдо кој и лани беше најдобар фудбалер на светот, ова признание го заслужи со своите настапи во дресот на Реал Мадрид со кој ја освои четири трофеи. Со 17 постигнати голови тој го предводеше Реал до 10-тата титула во Лигата на шампиони, натпреварување во кое беше најефикасен фудбалер. Роналдо и Реал триумфираа и во Купот на Шпанија, го освоија европскиот УЕФА Супер куп, а кон крајот на годината и Светското клупско првенство.
За Роналдо ова е трет пат да ја освои „Златната топка на ФИФА’’ откако беше прогласуван за најдобар играч и во 2008-та и 2013-тата година.
Во женска конкуренција признанието и припадна на германската репрезентативка Надин Кеслер која со својата екипа Волфсбург по втор пат во низа ја освои Лигата на шампионки, што беше доволно да биде прогласена за најдобра во светот, во тесна конкуренција со четирикратната освојувачка на ова признание Бразилката, Марта, како и Американката Аби Вамбах кој беше најдобра во 2012 година.На гала церемонијата која се одржа вечерва во Цирих, Роналдо го понесе признанието на ФИФА „Златна топка за 2014 година“’ во конк