РОНАЛДО „СЕ ОТВОРИ“: Еве што изјави за својот тим…

По нерешениот резултат на португалската репрезентација со САД, најдобриот фудбалер во светот Кристиано Роналдо призна дека тимот не поседува квалитет кој е потребен за да се освои титулата на Мундијалот.Португалија, против САД, беше на работ на елиминација, но Варела со својот гол ги задржа теоретските шенси за пласман во осмина финалето.
Еве што точно изјави тој…
 

 
„Можеби ние сме просечен тим. Ќе биде лага доколку се каже дека ние сме врвна репрезентација. Ограничени сме со повредите на Алмеида и Коентрао, како и суспензијата на Пепе. Кога сте така ограничени тоа не ви овозможува да ги победувате врвните репрезентации. Ние знаевме дека ова е многу тешка група, дека овие тимови се подобри од нас. Никогаш не ни помислував дека можеме да бидеме светски шампиони, мораме да бидеме скромни и да знаеме каде е нашето место. Не сум лицемер, никогаш не помислував дека можеме да ја освоиме титулата“, изјви Роналдо по натпреварот.Португалија, против САД, беше на работ на елиминација, но Варела со својот гол ги задржа теоретските шенси за пласман во осмина финалето.

Пронајдете не на следниве мрежи: