Роналдо со хет трик ја урна Севиља

Кристијано Роналдо одигра брилијантен натпревар против Севиља и со три гола го предводеше Реал до победата од 4:1.Карим Бензема го постигна првиот гол на натпреварот, а потоа во серија влезе Португалецот, кој до 60-та минута го комплетира хет трикот.Жозе Мурињо потоа го повлече Роналдо од игра за да го одмори за пресметката со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампиони.Реал и Севиља мечот го завршија со десетмина играчи, поради црвени картони натпреварот пред време го завршија Игуаин и Мадуро.Резултати:Мајорка-Осасуна 1:1Селта-Валенсија 0:1Леванте-Малага 1:2Депортиво-Гранада 0:3Реал Мадрид-Севиља 4:1Недела, 10.февруари:Барселона-ХетафеСарагоса-Реал СосиедадАтлетик Билбао-ЕспањолРајо Ваљекано-Атлетико МадридКолото во понеделник ќе биде комплетирано со одигрувањето на натпреварот помеѓу Бетис и Ваљадолид.
МакфаксКристијано Роналдо одигра брилијантен натпревар против Севиља и со три гола го предводеше Реал до победата од 4:1.

Пронајдете не на следниве мрежи: