Рори Стјуарт: НАТО не е подготвен за руски напад

Парламентарците ја повикаа британската влада да го искористи самитот на НАТО во Велс во септември, да побара промени во подготвеноста да се одговори на заканата од Русија.НАТО не е подготвен да одговори на воената закана од Русија и мора да се прилагоди за да биде во состојба да одговори на „неконвенционалниот напад“ на таа земја, денеска предупредија британските пратеници.
„Ризикот од нападот на Русија врз некоја членка на НАТО е значаен, иако е мал. Не сме уверени дека НАТО е подготвен за оваа закана“, рече претседателот на парламентарниот Одбор за одбрана, Рори Стјуарт.
Членовите на Одборот направија извештај во кој од Алијансата се бара да прати мисија и воена опрема за своите балтички членки – Естонија, Литванија и Летонија, како и да оформи регионално седиште.
Настаните во Украина во документот се опишани како „повик за будење“, кој ги откри алармантните недостатоци во подготвеноста на НАТО.НАТО не е подготвен да одговори на воената закана од Русија и мора да се прилагоди за да биде во состојба да одговори на „неконвенционалниот

Пронајдете не на следниве мрежи: