Rose Gold Ombre – најпопуларната нијанса за коса оваа есен

Ако барате некаква промена во изгледот за актуелната сезона, можеби овој текст ќе ви биде добредојден. Светските стилисти се согласија во мислењето дека оваа есен една од најпопуларните нијанси за коса ќе биде rose gold ombre, односно розово-златната нијанса.
Како да се постигне?
Долниот дел од косата треба да се освежи со розови тонови, додека коренот и горниот дел од косата треба да се во потемна или посветла смеѓа нијанса. На тој начин, косата ќе ви добие волумен, а покрај тоа ќе добиете и интересен и женствен изглед.


Она што ја прави уште попривлечна, а и популарна е фактот дека подеднакво добро изгледа и на жените што имаат посветла и на оние со потемна коса.


Контрастот се ублажува со розовите тонови, кои ќе бидат само уште еден од начините да внесете малку боја во есенските сиви денови што ни претстојат. За инспирација, погледнете ги и фотографиите во продолжение:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.