Тупаница, шамар, што и да е одвратно е. Се прашувам колку цивилизациски нормални луѓе, останаа да го поддржуваат овој офарбан, а ментално еднобоен фашистички шљам?, напиша на својот Фејсбук профил еминентниот професор академик Горазд Росоклија, светски признаен научник во областа на истражувањето на невропатологијата и невроимунологијата, кој од 1992 година е професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот Колумбија, во САД.Росоклија додава дека тупаница од едните води кон тупаница од другите, конфликт кој ,,бара“ интервенција, интервенција која води до редефинирање на Македонија.
-Одговорот е во избори. Власт се менува или на избори или во крв. Ниту една власт не си отишла затоа што некој ги боел зградите и спомениците. За да се добијат избори против власт, било која влст, потребен е лидер кому веруваат, потребна е идеологија која станува цел на мнозинството граѓани, потребна е програма, потребни се тимови кои ќе ја спроведат таа програма. Каде е сето тоа во Македонија или барем дел од тоа? Француските студенти 1968 не постигнаа ништо. Водачите станаа дел од естаблишментот. Франција не го смени полтичкиот систем што беше студентско барање. Секој што поддржува насилство или е недоволно паметен да сфати кон што води тоа, или е психопат кој наоѓа задоволство во страдањето на другиот и во деструкцијата. Дали вие се дистанциравте од насилството? Што мислите, што ќе се случи кога другите ќе одговорат со иста мера? До кога ќе можат да бидат контролирани? Насилство раѓа насилство, зарем не го видовме тоа во Југославија? Деструкција води кон деструкција и како краен резултат редефинирање на Македонија како држава, напиша Росоклија.Росоклија додава дека тупаница од едните води кон тупаница од другите, конфликт кој ,,бара“ интервенција, интервенција која води до редефинир