Румен Радев: ЕУ мора да има чиста позиција за турската интервенција во Бугарија!„Бугарија сака да се развие силни соседски односи со Турција, но нејзиното мешање во нашите избори е факт и тоа е апсолутно неприфатливо“, вели претседателот Румен Радев.
„Сакам повеќе мир. Не дозволувајте им на чувствата да ескалираат по оваа интервенција. Бугарските институции и соодветните одделенија активно работат на потиснување на секој обид на вмешување во нашиот изборен процес и во нашите внатрешни работи“, истакна Радев.
„Исто така е важно како ќе се стави ова прашање во рамките на ЕУ. Во март, 09 за време на Советот го отворив прашањето за ситуацијата во Бугарија во врска со таа интервенција и нашите постапки. Вчера имав средба со амбасадорите на Германија, Австрија, Холандија и Франција, кои направија анализа на состојбата. Објаснив многу јасно дека ескалацијата на тензиите помеѓу ЕУ и Турција се рефлектира најсилно во Бугарија, бидејќи ризикот е најсилен за нашата земја. Европската унија мора да има јасна, обединета позиција и очекуваме навистина брзо решение на ситуацијата“, додаде претседателот на Република Бугарија.„Бугарија сака да се развие силни соседски односи со Турција, но нејзиното мешање во нашите избори е факт и тоа е апсолутно неприфатлив