Полицијата во Шпанија уапси тројца Руси , кои претепале Италијанец до смрт . Убиството се случило во летувалиштето Лорет де Мар.22- годишниот Италијанец Николо Чати брутално до смрт бил претепан од тројца Руси и тоа пред десетици сведоци . Момчето починало на пат до болница . Момчето било на одмор во познатото летувалиште во Шпанија заедно со своите пријатели .
Наводната причина е што момчето ненамерно бутнал еден од напаѓачите додека се забавувале во ноќниот клуб. „Беа како животни“ – вели во своето сведочење еден од пријателите на момчето .
Пријателите се обиделе да му помогнат , но и тие биле натепани . Десетици посетители во ноќниот клуб , наместо да помогнат , го снимале бруталното претепување.
22- годишниот Италијанец Николо Чати брутално до смрт бил претепан од тројца Руси и тоа пред десетици сведоци . Момчето починало на пат до болница