Русија: Америка стои зад државниот удар во Украина!

Америка стои зад државниот удар во Украина и за таа цел потроши пет милијарди долари. Ова го изјавил секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев.- Промената на власта во Украина ги поттикна настаните што таму се случија. Асистентот на американскиот државен секретар Џон Кери, Викторија Нуланд изјави дека САД потрошиле пет милијарди долари за организирање на тие настани, изјавил Патрушев во интервју за „Комерсант“, а пренесува Танјуг.
Тој нагласил дека е апсолутно јасно дека зад проектот за дестабилизирање на Украина стои обид за креирање инструмент за ослабување на Русија. 
– Истовремено, тие настојуваат земјите од ЕУ да гледаат краткорочно со воведувањето санкции кон Русија, игнорирајќи ги нивните национални интереси, додал Патрушев. 
Според него САД одлучиле да го соборат насилно украинскиот претседател Виктор Јанукович. 
– Тоа беше политичка грешка. Само малку да почекаа, можеа да постават луѓе кои сакаат по легитимен пат, но тие организираа државен удар. Немаше да се случи ништо на Крим и во Источна Украина да не беше државниот удар, истакнал Патрушев.
Патрушев нагласил дека Јанукович не го одложил потпишувањето на договорот за приклучување кон ЕУ поради притисок од Москва, туку поради тоа што едноставно сфатил што значи неговата примена.  – Промената на власта во Украина ги поттикна настаните што таму се случија. Асистентот на американскиот државен секретар Џон Кери, Викторија Нуланд

Пронајдете не на следниве мрежи: