Русија бара објаснување: На пилотите на НАТО им е дозволено да напаѓаат руски авиони над Ирак?!

Руската амбасада во Лондон, побара објаснување од британското Министерство за надворешни работи поради статија напишана во медиумите, во која е наведено дека британското раководство донело одлука да им дозволи на пилотите на својата авијација коишто учествуваат во операциите на коалицијата против Исламската држава, да напаѓаат руски авиони.„Загрижени сме поради медиумските соопштувања, бидејќи се наведуваат извори кои упатуваат на високи членови од Владата. Итно побаравме објаснување од Министерството за надворешни работи на Велика Британија. Во исто време, не е јасна ниту самата хипотеза за потенцијален конфликт меѓу авионите на Велика Британија и Русија на небото над Ирак. Како што е познато, руската авијација не учествува во нападите врз објектите на Исламската држава на територијата на оваа држава (Ирак)“ – изјавил рускиот амбасадор Александар Јековенко во Лондон.
На пилотите на Военото воздухопловство на Велика Британија им е наредено на сите можни начини да избегнуваат контакт со руските ловци, навел весникот Daily Star Sunday.
„Авионите `Торнадо` на кралската авијација, ќе бидат зајакнати со ракети од класата воздух-воздух. Пилотите добија одобрување да ги напаѓаат непријателски расположените руски авиони“ – се наведува во листот.
„Овој чекор е преземен откако британските министри предупредија дека ситуацијата на Блискиот исток стана многу опасна поради дејствијата на Русија“ – се наведува во текстот.
Според зборовите на изворот на кој се повикал дневниот весник, „кога авионите летаат со суперсонична брзина, може да дојде до судир или пак руски авион да биде соборен по грешка“.
(sputniknews.com)„Загрижени сме поради медиумските соопштувања, бидејќи се наведуваат извори кои упатуваат на високи членови од Владата. Итно побаравме објасн

Пронајдете не на следниве мрежи: