Русија е земја со најмногу затвореници во Европа

Русија е земја со најмногу затвореници во Европа покажува изештајот на Советот на Европа објавен денеска. Извештајот покажува дека во Европа има помалку затвореници во 2013 година споредено со една година претходно.Во септември 2013 биле зад решетки 1.679 милиони луѓе, а минатата година тој број изнесувал 1.735 милиони јави ДПА. Најголемиот број затворска казна отслужуваат поради шверц на дрога.
Вкупно 475 луѓе се во затвор на секои 100.000 жители во Русија, многу повеќе отколку просекот во останатиот дел од Европа – 138,9.Во Украина и Литванија има исто така висок просек – 324,2 односно 323,7 затвореници на 100 илјади жители.Најмал број зад решетки има во Сан Марино – 6,4 на 100.000, следува Лихтенштајн – 24,4, Исланд 47,2  и Финска 57,6.
Во 2012 година, последна за која има податоци, за секој затвореник се трошеле од две евра дневно во Русија до 317 евра дневно во Шведска.Најголемо зголемување на бројот на затвореници има во Турција – 12 отсто во перидот 2012-2013. Во Турција има и најголем број лица во притвор за кои нема конечна пресуда.Во септември 2013 биле зад решетки 1.679 милиони луѓе, а минатата година тој број изнесувал 1.735 милиони јави ДПА. Најголемиот број затворска

Пронајдете не на следниве мрежи: