Илјадници припадници на разните служби при руското министерство за вонредни ситуации во регионот на градот Чељабинск ги санираат последиците и штетите од експлозијата којашто се случи во петокот наутро над Урал.
Експлозијата којашто според американските експерти имала магнитуда како земјотрес од 4 степени според Рихтер, а според стручњаците на NASA големината на космичкото тело при влезот во атмосферата изнесувал 17 метри и тежина од 10 илјади тони па предизвиканата експлозија била помоќна отколку што се мислеше – 0,5 мегатони, што е 30 пати повеќе моќноста на атомската бомба фрлена врз јапонскиот град Хирошима на крајот од Втората светска војна, како и од падот на метеорскиот дожд, според податоците на руското министерство за вонредни состојби, оштетени се 2.962 објекти, од кои 34 се здравствени установи, 11 установите за социјална заштита и 361 училишта и детски градинки, а повредени се околу 1.200 луѓе.
Нуркачки екипи го пребаруваат и во неделата езерото покрај Чељбинск каде настанале неколку метри широки дупки во мразот, но досега не успеале да пронајдат фрагменти од метеорот.
Екипите за пребарување на теренот соопштија дека пронашле мал предмет со пречник од еден сантиметар кој би можел да биде дел од метеоритот, но не и поголеми парчиња.
Малиот број материјални докази на теренот, ги поттикна теориите за заговор околу причините за огнената топка и ударниот бран на кој се наоѓаат многу постројки на руската воена индустрија.
Лидерот на руските националисти Владимир Жириновски за медиумите во Москва изјави дека сторителите би можеле да бидат „хушкачите на војна“ во САД. „Тоа не е беше пад на метеор. Тоа е новото оружје што го испитуваат Американците“, рече Жириновски.
Социјалните мрежи се преплавени со нагаѓања за причината за експлозијата. „Искрено, повеќе си наклонета да верувам дека тоа било нешто воено“, изјави Оксана Труфанова, локална активистка за заштита на човековите права.
На прашањето за ваквите шпекулации, претставник на локалната единица на руското министерство за вонредни ситуации одговори смао дека тоа се „глупости“,
Гувернерот на Чељабинск, Михаил Јуревич изјави дека ударот на вселенското тело предизвикало штети кои се проценуваат на околу 33 милиони американски долари. Живото во самиот град од саботата веќе се врати во вообичаениот ритам, иако уште 50 лица се задржани во болниците.
Поправките на оштетувања мораат брзо да се извршат поради ниските температури кои во текот на ноќта паднаа близу минус 20 Целзиусови степени.
Инаку сеизмолошките станици на американската Геолошка служба USGS соопштија во неделата дека во петокот во времето на експлозијата на космичкиот болид над Чељабинск регистрирале сеизмички осцилации кои одговараат на земјотрес со интензитет од 4 степени по Рихтер.
МакфаксИлјадници припадници на разните служби при руското министерство за вонредни ситуации во регионот на градо