Русија и Кина со исти ставови за светските прашања

Русија и Кина во петокот ја изразија блискоста на нивните ставови по сите меѓународни прашања, вклучувајќи ја и кризата во Сирија, пишува AFP потсетувајќи на неодамнешната посета на Москва на новиот кинески лидер Си Џинпинг.„Русија и Кина имаат заеднички ставови и ги унапредуваат во преговорите за ситуацијата на Блискиот исток и во северна Африка, вклучувајќи ја и сириската криза, Авганистан и иранската нуклеарна програма“, истакна шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на прес-конференцијата по средбата со кинескиот колега Јанг Џеичи.„Во сите тие случаи, нас и нашите кинески пријатели не води истиот принцип: неопходноста од почитување на меѓународното право, процедурите на Обединетите нации, недозволување на вмешување во внатрешните работи, особено кон прибегнувањето на примена на сила“, додал Лавров.Кинескиот министер за надворешни работи Си Џиечи изјавил дека „односите меѓу Русија и Кина не се важни само за нашите земји, туку у за зачувување на мирот и развојот на целата планета“. Не сакал да ги потврди информациите во кинеските медиуми според кои Си требало допатува за Москва во својата прва посета во странство. Меѓутоа, дал до знаење дека новиот кинески лидер ќе биде покрај рускито претседател Владимир Путин на самиот на групата BRICS во Дурбан на 26-ти и 27-ми март, групација што ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.
МакфаксРусија и Кина во петокот ја изразија блискоста на нивните ставови по сите меѓународни прашања, вклучувајќи ја и кризат

Пронајдете не на следниве мрежи: