Русија ја зајакнува источната граница со нов ракетен систем!

Како што беше најавено, Русија ќе ја засили својата источна граница. На Камчатка стигна четвртиот ешалон на S-400, а наскоро ќе стигне и петтиот.Оваа година, руската армија ќе добие 20 дивизиони ракетни системи S-400 и така двојно ќе ја подобри ефикасноста во противвоздушната одбрана. S-400 трумф е еден систем кој може да користи повеќе од четири ракети кои имаат различен домет и тежина.
Поради големото ниво на автоматизација, намален е бројот на екипажот кој ракува со овој систем. Ракетите лесно се пренасочуваат. Истите се користат уште од 2007 година.
Руската армија ќе добие и нови реактивни повеќецевни фрлачи од типот торнадо-с, кој ќе го замени досегашниот систем „Смерч“ со калибар од 300 милиметри.
На неодамнешниот состанок со воениов врв на Русија како и со претставници на воено индустрискиот комплекс, Путин инсистирал да руската индустрија што е можно порано да почне со производство на делови за воена опрема кои до сега ги набавуваа од Украина и други земји.
Поради лошите односи меѓу Москва и Киев, Украина престана да продава мотори за воените бродови.Оваа година, руската армија ќе добие 20 дивизиони ракетни системи S-400 и така двојно ќе ја подобри ефикасноста во противвоздушната одбрана.&n

Пронајдете не на следниве мрежи: