Ан Брасер, претседателката на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), не ја отфрли и можноста Русија да биде исклучена од членство во Советот на Европа поради Украина.-Сѐ може да се случи. Тешко е да се каже како ќе се развива сегашната криза во односите меѓу Русија и Европа. Ние во 2008 година изнесовме став дека акциите на Москва се неприфатливи кога руските трупи интервенираа во Грузија, но тогаш Русија не отиде предалеку – истакна Брасер.
Според неа, сега е важно двете страни да продолжат со разговори, а „ПССЕ е поволна структура за дијалог“.
-Присоединиувањето на Крим кон Русија претставува кршење на Уставот и меѓународното право, вклучувајќи ги и договорите од Будимпешта, потпишани од Русија – предупредува таа.
Претседателката потсети и дека Венецијанската комисија не го признава легитимитетот на кримскиот референдум.-Сѐ може да се случи. Тешко е да се каже како ќе се развива сегашната криза во односите меѓу Русија и Европа. Ние во 2008 година изнесовме став дек