Москва и Багдад продолжуваат со реализирање на повеќе од четири милијарди американски долари вредниот договор со кој Русија ќе стане вториот најголем испорачувач на оружје за Ирак, соопшти ирачкото министерство за надворешни работи, спротивно на некои извештаи дека договорот е поништен поради можна корупција.Ирак и порано увезуваше оружје од поранешниот Советски сојуз, меѓутоа Русија на овој пазар не влегуваше од периодот на уривањето на режимот на Садам Хусеин во 2003 година.„Во принцип, двете страни имаат намера да го реализираат договорот“, изјави за руската агенција Интерфакс, ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари.Ирачкиот претседател Нури ал-Малики минатата година го најави откажувањето на договорот за набавка на воени авиони, хеликоптери и ракети од Русија, меѓутоа му се спротистави министерот за одбрана Саадун ал-Дулами кој рече дека договорот останува валиден.Минатата седмица руската државна компанија за извоз на оружје „Рособоронекспорт“ соопшти дека договорот не е поништен, но дека уште не стапил на сила бидејќи чека да мине низ низа законски формалности.„Мислам дека тоа е прашање на распределбата на парите. Потребно е да се плати однапред, а ние имаме политичка криза. Нашиот буџет за 2013 година, парламентот се уште не го одобрил“, изјавил министерот Зебари.
МакфаксМосква и Багдад продолжуваат со реализирање на повеќе од четири милијарди американски долари вредниот договор со кој Р