Сударот на планетата Земја со астероиди и метеори со голем пречник не е само имагинација на холивудските режисери. На оваа дилема работат огромен број организации и научници. Русија разработи систем за глобална заштита, кој би требало да спречи пад на небесни тела на Земјата како што се астероиди, метеори или помали комети.
Анализата на НАСА укажува на опасност кон нашата планета од 47 илјади астероиди со пречник поголем од 100 метри. На почетокот на оваа година астероидот Алофис веќе помина покрај нашата планета, а според пресметките на меѓународните експерти во 2029 година повторно ќе се сврти кон Земјата. Во овој век теоретски можни се 11 судири, а четири од нив би можело да се случат до 2050 година.
Претставник на рускиот државен ракетен центар тврди дека во неговата земја веќе постојат уреди, кои со бојни глави ќе ги разбиваат астероидите, по што тие ќе се распарчат на многу помали делови, а ударот ќе ја промени и нивната траекторија.
Судир со такво тело сепак е малку веројатен бидејќи се случува еднаш на 30 милиони години.
Фото: telegraph.co.uk
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Сударот на планетата Земја со астероиди и метеори со гол