Формирање на влада без даден мандат од Претседателот е правно невтемелено и таква влада нема да биде легитимна, изјави претседателот Ѓорѓе ИвановВо интервју за австриски „Винер Цајтунг“, Иванов изјави дека, според члено 90 од Уставот, само претседателот на државата може да го предаде мандатот за формирање на Влада. Во случај парламентот да избере влада без мандат, би имале две влади – една техничка и втора влада без легитимитет на претседателот, која не е заснована на Уставот.
„Тоа значи дека би влегле во уште поголема криза“, истакнува Иванов за австрискиот весник.
Тој наведува дека ВМРО-ДПМНЕ не успеа да формира коалиција со партиите на македонските Албанци во рок од 20 дена, како што е пропишано со Уставот, благодарение на неколку телефонски повици од една амбасада во Македонија.
Попрецизно, коалицијата била формирана со договор. Меѓутоа во последен момент, се случил телефонски повик и коалицијата е раскината, рекол Иванов. На прашањето чиј бил телефонскиот повик, тој одговори „Вие сте новинар, можете да истражите“.
Запрашан што би се случило кога би бил избран претседател на парламентот, а лидерот на СДСМ одново би се договорил со партиите на Македонските Албанци да формира влада, Иванов одговори дека на таква коалиција не би и дал мандат.
„На таквата коалиција нема да и дадам мандат од политички причини“, рекол Иванов истакнувајќи дека „тиранската платформа“ е политичката пречка.
Иванов во интервјуто оценува дека „тиранската платформа“ претставува директно мешање и загрозување на независноста на Македонија и барањата во рамки на платформат не се само политички опасни туку се и неуставни.
„Тиранската платформа доведе до институционална криза, блокада на владата, неуспешен избор на претседател на парламентот“, рекол Иванов и изразил незадоволство поради недостатокот на осуда од страна на Европската унија во поглед на платформата.
Запрашан за коментарите кои руското Министерство за надворешни работи го изнесе за ситуацијата во Македонија, Иванов вели дека Русија никогаш не се мешала во Македонската политика, туку дека само го изнеле сопственото мислење, што е, како што вели, легитимно.
Во интервјуто јасно го изнесе ставот дека Македонија нема друга стратешка цел освен пристапување во ЕУ и НАТО.
На прашањето дали САД би требало да ја превземат лидерската улога на Балканот, Иванов одговорил дека Америка веќе не е она што некогаш била.
„Верувам дека добата на ‘пакс американа’ е завршена“, рекол иванов.
Коментирајќи во врска со новата администрација на САД, Иванов рекол дека на претседателот Доналд Трамп треба да му се даде време.Во интервју за австриски „Винер Цајтунг“, Иванов изјави дека, според члено 90 од Уставот, само претседателот на државата може да го пре