Тимот на Русија останува учесник на Еуро 2016. УЕФА одржа вонредна седница поради последователните немири во кои беа вмешани руските навивачи.Oрганизацијата сепак не дојде до крајни мерки и покрај дадениот „жолт картон“ за тимот на Русија – тој останува во шампионатот.
УЕФА одлучи да не се казнува тимот на Русија поради палењето факел за време на натпреварот со Словачка.
Навивачите на „Зборнаја“ избувнаа околу 80-тата минута по голот на полудефанзивецот Денис Глушаков. И додека на стадионот имаше само факел, надвор од него дојде до сериозен судир меѓу руски и англиски навивачи.
Дваесет руски хулигани беа екстрадирани од Франција поради последниот инцидент.
„Поради тоа што се случи на претходниот натпревар, тие треба да бидат казнети. А за тоа што се случи – треба да бидат протерани од Европското првенство, но за УЕФА тоа е премногу, премногу тешко да го преуреди турнирот и им треба повеќе од досегашните санкции“ – коментира англиски навивач.Oрганизацијата сепак не дојде до крајни мерки и покрај дадениот „жолт картон“ за тимот на Русија – тој останува во шампионатот.